Битола и Охрид со изложба и промоција на книга ќе го одбележат Меѓународниот ден на музеите

Со почеток во 20 часот, во НУ Завод и музеј во Битола, љубителите ќе можат да ја видат изложбата на монети од локалитетот „Градиште“. Изложбата е насловена „Приказните за Градиште – с.Црнобуки“. Со оваа поставка на монети, битиолскиот музеј ќе го одбележи Меѓународниот ден на музеите – 18 мај.

Исто така по повод 18 мај (недела) – Меѓународен ден на музеите, НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид, ги отвора вратите на музејските поставки и локалитети со слободен влез за сите посетители.

На својата ФБ страница, НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид, информираше дека како издавач ја има честа да ги покани граѓаните на промоција на книгата „ОХРИДСКА ТВРДИНА – Монети на Римската Република, Римската империја и на нивните провинции (211г.п.н.е.-238г.н.е.)“ од авторот Даница Размовска Бачевска.

Промоцијата ќе се одржи денеска со почеток во 12 часот во Меморијалната куќа на Христо Узунов.

Меѓународниот ден на музеите се одбележува на 18 мај – датум избран на Генералното собрание на Меѓународниот совет на музеите – ИКОМ во 1977 година во Москва. Целта на одбележувањето е да се насочи вниманието на јавноста од целиот свет кон музејската дејност.

Зачлени се на нашиот е-билтен