Блиските до Мицкоски добиваат фантастични позиции: Сопругата на Претседателот на Уставен суд Костадиновски унапредена во Апелација, избрана и сопругата на советник на премиерот

Сопругот претседател на Уставен суд, сопругата од денеска судијка во скопска Аплеација. Сопругата на Дарко Костадиновски , претседатеот на Уставен суд , Цветанка Сиљаноска Костадиновска, од граѓанскиот суд Скопје , денеска беше избрана за апелациски судија. Според мнозинството судии кои галсаа едногласни. Аргуемнтите беа дека с еработи за долгодишен судија, доктор на науки , со неколку напишани трудови .

Костадиновски за ТВ 24 вели дека вопшто не влијаел на изборот, а неговата сопруга 25 години е судија во граѓанскиот суд и за изборот е заслужна исклучиво како што вели нејзината професионалност,  стручност и интегритет 

„ Јас немам никаква улога. спротивно на моите принципи е влијание брз било кого, напротив кас сум голем гласноговорник против било какви влијанија врз било кого. Мојата сопруга во Основниот граѓански суд работи 25 години од кои 8 години како стручен соработник а 17 години како судија. Таа е доктор на правни науки од областа на граѓанското право и автор на бројни научни трудови вклучително и на коментарот на законот за семејстбото. За нејзината стручност, квалификации и интегритет јас нема да коментирам, неблагодарно е, но за нив доволно говорат угледот, поччитта и интегритетот кој го ужива помеѓу колегите во Основниот суд, како и рангирањето по конкурсот. Мојата сопруга е со сопствен личен интегритет и апсолутно сметам дека нема никаква не етичност во нејзимиот избор кој се темели на непобитни факти. Секој има право да напредува во кариерата се додека тоа се темели на мерит и заслуги, вели Костадиновски за ТВ 24 

Освен сопругата на Костадиновски денеска унапредување истотака за Апелација но во кривичниот оддел доби и Марија Клетничка Марковска, сопруга на советникот на премиерот Христијан Мицкоски,  Сашо Марковски за надворешна политика и специјален претставник во процесот на преговори на претседателот на Владата со Европската комисија.

ТВ 24 побара став и од Владата за унапредувањето на сопругата на советникот на  премиеро,  Марковска но засега  оттаму нема став . 

Аргументите и на судкисот совет  за нејзиниот избор беа дека е прва на ранг листат и дека се работи за квалитетен судија . 

Членовите на судскиот совет за секој избор се првадаа со ранг листата.

Зачлени се на нашиот е-билтен