Бочварски: ВМРО ДПМНЕ да не дава приоритет на еден на сметка на друг коридор

СДСМ ја повикува Владата, да не се занимава со најразлични теории на заговор, за реализација на инфраструктурни проекти во други држави. Ако новата Влада сака да продолжи да не позиционира така како што заслужуваме, потребно е да ги продолжи проектите на претходната влада на СДСМ.

Нема и не смее да има или -или туку само и единствено и – и. И коридор 10 и Коридор 8.

Ставот на СДСМ е јасен, наш најважен стратешки интерес е да работиме и на двата коридори, без задршка, без застој. Но, тие и денес ја прават грешката кога велат дека едни проекти се поважни, а други се помалку важни, или дека едниот коридор е поважен од другиот.

И да бидеме на чисто, ниту ние можеме да им го одземеме Коридор 4 на Бугарија, ниту пак тие можат да ни го одземат Коридор 10.

Од друга страна, истите тие држави можат да прават што мислат дека е важно за нив, а нашиот приоритет треба да биде доизградба на коридор 8 за што потпишавме меморандум со Бугарија и Албанија, а со тоа сите три држави го покажаа својот интерес и секако продолжување на иницијативата за брза пруга Скопје- Белград за која владата на СДСМ ги започна разговорите со Република Србија.

Зачлени се на нашиот е-билтен