Борисов: Владата воопшто не е стабилна, партиите се дијаметрално спротивни

„Владата воопшто не е стабилна. Партиите се дијаметрално спротивни, но ние (ГЕРБ) ги собравме со најважната цел – да го донесеме Буџетот за 2025 година и да влеземе во еврозоната“, изјави лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, пренесувва Нова.бг.

„Нормално е секоја партија да има свои претензии кога поддржува влада. Но, големата одговорност е на ГЕРБ. И кога сите тоа го тврдат, тоа не им се допаѓа на луѓето во ГЕРБ, но така се договоривме“, додаде тој.

Според него, позицијата на Бугарија за Украина во моментов е единствената исправна. „Навистина се надевам дека Росен Желјазков ќе може да реагира на ситуацијата“, рече Борисов.

„Сите предлози што ги дадов пред десет дена се во предлозите на Урсула фон дер Лајен, кои таа ќе ги достави до Европскиот совет во петок. Имено, процентите што ги издвојуваме од БДП за одбраната не треба да бидат вклучени во глобалниот дефицит. Ова има две позитивни страни за Бугарија – станува полесно за еврозоната и ќе можеме да добиеме повеќе пари за одбрана. Ќе може да се земе заем и да се зајакне паневропската одбрана, што е и плус за нашата земја“, додаде Борисов.

Според лидерот на ГЕРБ, важно е Европа да стане посилна на воен план за да има еднаквост меѓу ЕУ и САД во НАТО. „Од Втората светска војна, САД и Европа отсекогаш биле најголемите сојузници“, посочи тој.

Зачлени се на нашиот е-билтен