Главниот град на Белгија забележа 159 апсења, пишува ПОЛИТИКО.
На веселбите беа запалени голем број автомобили и беа нападнати службите за итни случаи со молотови коктели во Брисел доцна во вторникот, додека градот се соочи со бран неред на новогодишната ноќ.
Полицијата во периодот од 18 часот во вторникот и 7 часот наутро во среда, уапси 159 лица во главниот град на Белгија и одговори на повеќе од 1.700 инциденти низ градот, според извештаите на медиумите. Голем дел од немирите се случија во западните и јужните области на Брисел, вклучувајќи ги и комуните Моленбек и Андерлехт.
Најмалку 60 автомобили изгореа, а пожарникарите се обидоа да ги изгаснат пожарите и беа фрлани со камења и молотови коктели, принудувајќи ги во некои случаи да се повлечат, според бриселската противпожарна служба. Никој не е повреден.
„Беше навистина лудо“, изјави портпаролот на бриселската противпожарна служба Валтер Дерију за POLITICO. „Бевме таму да помогнеме и ни фрлаа молотови коктели“.