Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Британскиот весник Обзервер доби нов сопственик

Сопственикот на британскиот весник „Гардијан“ денеска потврди дека го продал „Обзервер“, најстариот неделен весник во светот, на „Тортоиз медиа“.

Компанијата Скот Траст, која е сопственик на Гардијан медиумската група, соопшти дека Тортоиз Медиа го купува Обзервер преку комбинација на готовина и акции.

Обзервер е основан во 1791 година и стана дел од медиумската група Гардијан во 1993 година.

Тортоиз е основана во 2019 година од страна на Џејмс Хардинг, поранешен уредник на лондонскиот Тајмс и директор на вести во Би-Би-Си, заедно со поранешниот американски амбасадор во Лондон, Метју Барзун.

Согласно договорот, Тортоиз склучи петгодишен комерцијален договор со Гардијан според кој ќе плаќа за услуги за печатење и дистрибуција, како и за маркетинг услуги.

Скот Траст исто така, ќе преземе девет отсто од акциите на Тортоиз Медиа и ќе инвестира 5 милиони фунти во Тортоиз медиа како дел од инвестицијата од 25 милиони фунти.

„Овој договор обезбедува нови инвестиции и идеи за Обсервер, што ќе ја унапреди улогата што ја игра либералното новинарство во нашето општество“, изјави Оле Џејкоб Санди, претседател на Скот Траст.

Главен уредник ќе биде Хардинг, а за уредничка на печатеното издание е именувана Луси Рок.

На продажбата на Обзервер се спротивставија новинарите од медиумската група Гардијан, што кулминираше со дводневен штрајк на почетокот на овој месец.

Зачлени се на нашиот е-билтен