Бројот на новороденчиња во Јужна Кореја во 2024 година се зголеми за прв пат по девет години, според денеска објавени официјалните податоци.
Бројот на новороденчиња изнесува 238.300, што е зголемување за 300 (3,6 отсто) на годишно ниво, според податоците на јужнокорејската статистичка агенција.
Последен пат земјата забележа годишен пораст на раѓањата во 2015 година, кога беа родени 438.400 деца споредено со 435.400 една година порано.
Стапката на фертилитет – бројот на деца што една жена во просек се очекува да ги има во својот живот – исто така беше зголемена за прв пат по девет години, достигнувајќи 0,75 во 2024 година од 0,72 една година порано.
Бројката е далеку под таканаречената стапка на замена од 2,1 дете по жена, која е потребна за да се спречи намалувањето на населението.
Според податоците на Организацијата за економска соработка и развој, населението на Јужна Кореја, кое изнесуваше 51,7 милиони во 2023 година, се очекува да се преполови до 2082 година.