Албанската страна ја призна постојаната поддршка на Бугарија за процесот на пристапување на Албанија во ЕУ.
Министерот за надворешни работи на Бугарија, Иван Кондов во рамки на учеството на министерскиот состанок на земјите членки на Централно европската иницијатива во Тирана оствари билатерална средба со Игли Хасани, министер за Европа и надворешни работи на Република Албанија. Двајцата министри, разговараа за одличната состојба на билатералните односи и ја потврдиле желбата за натамошно продлабочување на секторската соработка.
Бугарските медиуми пишуват дека, албанската страна ја потврдила постојаната поддршка на Бугарија во процесот на пристапување на Албанија во ЕУ. Министерот Кондов од своја страна му честитал на својот колега за постигнатиот напредок во спроведувањето на европските реформи, вклучувајќи ја и заштитата на правата на националните малцинства. Потврдена е и категоричната посветеност на Бугарија и Албанија за забрзана реализација на Коридорот 8.