При упадот на „Вазраждане“ на зградата на Европската комисија во главниот град на Бугарија, Софија приведени се шест лица, а десетина полицајци се повредени. „Взраждане“ одржува протестни акции против еврото во центарот на градот.
Популистичката партија „Взраждане“, излезе на спонтан марш и нерегулиран протест до Европската комисија како нивна крајна дестинација.
„Ги пренасочивме силите, изградивме кордони и ги презедовме сите мерки за да ја обезбедиме самата зграда. По пристигнувањето на местото на настанот дојде до провокација од протестот, полициските службеници не извикаа ништо и не покажаа дека може да се случи ваква провокација од наша страна. Почнале да фрлаат јајца полни со црвена боја, пиротехнички средства и нивниот говорник во еден момент ги повикал да упаднат во самата зграда. Со многу наши напори го спречивме упадот, некои луѓе го нарушија кордонот и беа приведени. Има 10 повредени колеги, повредени во пределот на лицето и очите. Тие продолжуваат да ги извршуваат службените обврски. Шестмина се приведени“, објасни вишиот комесар Стефан Иванов – заменик директор на СДВР.