Бугарија е подготвена да го усвои еврото на 1 јануари 2026 година, откако ќе ги исполни сите неопходни критериуми, објави во средата Европската комисија во својот Извештај за конвергенција за 2025 година.
Извештајот, подготвен на барање на бугарските власти, потврди дека земјата ги исполнува четирите номинални критериуми за конвергенција потребни за усвојување на еврото и дека нејзиното законодавство е усогласено со правилата на Европската унија, јавува Anadolu Agency.
„Ова означува критичен и историски чекор на патот на Бугарија кон усвојување на еврото – соопшти комисијата, додавајќи дека економијата на земјата е доволно подготвена за интеграција во еврозоната“.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го поздрави ваквиот развој на настаните, велејќи дека денес Бугарија е чекор поблиску до прифаќање на еврото како валута.
„Благодарение на еврото, бугарската економија ќе стане посилна, со поголема трговија со партнерите од еврозоната, странски директни инвестиции, пристап до финансирање, квалитетни работни места и реални приходи“, рече таа.
Бугарија ќе стане 21-ва членка на еврозоната, во очекување на конечната одлука на Советот на ЕУ. Извештајот на комисијата е објавен со паралелна оценка од Европската централна банка.
Бугарија го поднесе своето официјално барање за посебен Извештај за конвергенција во февруари 2025 година.