Прекинувањето на подморскиот оптички кабел меѓу Летонија и Шведска на 26 јануари не е саботажа, објави шведскиот обвинител Матс Љунгквист, задолжен за тој случај.
„Утврдено е дека комбинација од метеоролошки услови, дефекти на опремата и навигациски грешки придонеле за штетата“, наведе Љунгквист во соопштение.
Шведска го заплени бугарскиот брод „Вежен“ во рамки на истрагата отворена поради „сериозна саботажа“.
Извршниот директор на операторот на бродот НавиБулгар, негираше дека сторил нешто лошо.
„Истрагата сега јасно покажува дека не станува збор за саботажа. Запленетиот брод го оштетил кабелот“, нагласи Љунгквист, додавајќи дека истрагата продолжува.
Оптичкиот кабел на латвискиот Национален центар за радио и телевизија, кој го поврзува шведскиот остров Готланд со летонскиот град Вентспилс, беше прекинат на 26-ти јануари.