Бугарскиот пратеник Пејков, кој собра над 40 000 евра за повредените во пожарот, денеска е во Кочани

Граѓанскиот активист Стојан Рашков преку социјалните мрежи ја информира јавноста дека бугарскиот пратеник Манол Пејков кој ја почна иницијативата за собирање на пари за повредените во пожарот на кабарето „Пулс“, денеска е во Кочани. На својот фб тој објави дека до сега Фондацијата на Пејков собрала над 40 илјади евра за помош на настраданите во Кочани.

Тој на сфојот фб профил објави:

„Со бугарскиот пратеник господин Манол кој собра над 40 илјади евра донации за лекување и настраданите од 16.03.2025 година.

Секогаш си добредојден во нашиот град“, напиша Рашков на ФБ.

Неодамна Фондацијата на Пејков, објави дека собира пари за повредените хоспитализирани во Бугарија и за нивните семејства. Пратеникот, Пејков неодамна најави дека ќе го посети Кочани за да види на терен какви потреби имаат семејствата на повредените во пожарот.

Зачлени се на нашиот е-билтен