Oil Price, објави дека цените на нафтата на американскиот пазар, забележаа благ пад при што нафтата WTI, репер за американскиот пазар, на 77,88 долари, а нафтата од типот Брент на 80,79 долари за барел.
Еден ден претходно, цената на нафтата на меѓународните пазари беше близу 81 долар.
На лондонскиот пазар цената на барелот попладнето беше за 33 центи пониска отколку на затворањето на тргувањето во четвртокот, на 80,96 долари. На американскиот пазар барелот се тргуваше по 22 центи пониска цена, по 78,46 долари, пренесува Мина, повикувајќи се на SEEbiz.
Трговците оваа недела беа преокупирани со новите американски санкции за рускиот нафтен сектор.
Минатата недела Вашингтон воведе санкции за Гаспром Нефт и Сургутнефтегаз, а на пописот се и 183 танкери, осигурителни компании, транспортери и продавачи на руска нафта. Санкциите ги зголемија трошоците за транспорт на нафта со супертанкери, а исто така пораснаа,.
Кон крајот на неделата вниманието се насочи кон политиката и инаугурацијата на Трамп.
Кандидатот на Трамп за министер за финансии Скот Бесент во четвртокот изјави дека е подготвен, доколку претседателот Трамп тоа го побара, да ги подигне санкциите на ниво што ќе ја доведе Русија на преговарачка маса како дел од стратегијата за ставање крај на војната во Украина.