Цените на нафтата денеска на меѓународните пазари надминаа 65 долари, бидејќи инвеститорите беа охрабрени од олеснувањето на американските трговски ограничувања и закрепнувањето на кинескиот увоз.
На лондонскиот пазар барел нафта попладнево се тргуваше по 45 центи повисока цена отколку на затворањето на тргувањето на крајот на минатата недела, по 65,21 долари. Во петокот го затвори тргувањето во плус 1,43 долари.
На американскиот пазар барелот денеска се тргуваше по повисока цена за 39 центи, од 61,89 долари. Во петокот тргувањето го затвори со добивка од 1,43 долари.