Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Цетиње во солзи се прости од Вукан, Јован и нивниот вујко Мирко, кои беа убиени во масакрот

Како небото да плаче над Цетиње. Небесните солзи како да им го расчистуваат патот до рајот на невините жртви од семејството Вулетиќ, жртви на безумниот пир на Ацо Мартиновиќ, на првиот ден од јануари во новата 2025 година.

На Новите градски гробишта се погребани Драгана Драшковиќ (53) и тројца од семејството Вулетиќ – Вукан (9), Јован (14) и нивниот вујко Мирко (45).

Новости пишува дека најпрвин на вечното почивалиште беше испратена Драгана. Најблиските со солзи и свеќи се простија од Драгана, која беше меѓу последните на кои пукаше Мартиновиќ.

Два часа подоцна, три ковчези беа ставени во една од капелите. Два помали, бели, за чистите и нерасипани души на браќата Вукан (9) и Јован Вулетиќ (14). А третата, кафена, за вујко Мирко (45).

‘Во капелата не престануваа солзите на најблиските. Ги галат ковчезите и фотографиите од Вукан и Јован. Запрена е младоста, детската радост и смеа. Запрена е надежта и иднината. Тагата е неверојатно силна, товар на сечии раменици. Дождот не престанува, луѓето немо стојат, чекаат да изразат сочувство, чекајќи да ги испратат жртвите’, пишува Новости.

И солзите на небото не престанаа. Во возилата прво беа поставени помали, бели ковчези, а потоа кафени. Одекнуваше липање. Колоната се подготвуваше да ги испрати Вукан, Јован и Мирко на патот на небото, меѓу ангелите.

Зачлени се на нашиот е-билтен