Подгорица ја подготвува една од најголемите реформи на полето на работата.
Црна Гора се ближи до воведување седумчасовно работно време, а за ова извести претседателот на тамошната Влада Милојко Спајиќ.
Како што наведе, по опсежни размислувања како да се најде модел кој ќе ги задоволи и синдикатите и работодавачите, „блиску сме до решение кога станува збор за воведување на седум часа дневно“.
„Министерката Наида Нишиќ од почетокот на следната недела ќе води дискусии во рамките на социјалниот дијалог со претставници на синдикатите и работодавачите, каде што ќе се искристализира конечната верзија на оваа реформа.
Намерата е преку широки консултации да се спроведе една од најголемите реформи во областа на работата која има за цел подобрување на квалитетот на животот на нашите граѓани и повеќе време за семејствата, како и поефикасна и попродуктивна работа.
Nakon opsežnih razmatranja kako da pronađemo model kojim bi bili zadovoljni i sindikati i poslodavci, možemo konstatovati da smo blizu rješenja u vezi uvođenja sedmočasovnog radnog vremena.
— Milojko Spajić (@MickeySpajic) May 23, 2025
Od početka naredne sedmice ministarka Naida Nišić rukovodiće razgovorima u okviru… pic.twitter.com/D54bxabmNq
Токму на начинот на кој беа имплементирани програмите „Европа сега 1“ и „Европа сега 2“ – со согласност и на работодавачите и на синдикатите – конкретни чекори во случајот на реформа на седумчасовното работно време ќе бидат преземени исклучиво со целосна поддршка на социјалните партнери“, рече Спајиќ на мрежата Икс.
Како што додаде, верува дека министерот Нишиќ ќе направи се за да се постигне договор во оптимален период за да се исполнат очекувањата на граѓаните и да се зајакне позицијата на сите вработени.
Иако во Европа не постои единствена мерка која го одредува саканиот број на часови, во некои земји се зема предвид и седумчасовно работно време или на одредени категории на население, на пример на жени или родители, им се нуди опција за краткорочна работа.
Според податоците на Евростат, најмногу се работи во Грција (39,8 часа неделно), Романија (39,5), Полска (39,3) и Бугарија (39).
Од друга страна, Холандија има најкратка работна недела (32,2 часа), потоа Австрија (33,6) и Германија (34).