Црни прогнози на поранешниот претседател на Украина: „Ако тогаш не дојде до прекин на огнот, никогаш нема! Откри и дали Трамп му верува на Путин!

Поранешниот украински претседател и лидер на партијата Европска солидарност, Петро Порошенко, оцени дека шансата да дојде до прекин на огнот „е дури во нареднте два до три месеци“.

„Или ќе се случува или не. Ако тоа не се случи во рок од два или три месеци, воопшто нема да се случи“, рече Порошенко.

Според него, и покрај тоа што американскиот претседател Доналд Трамп постојано вели дека му верува на рускиот лидер Владимир Путин, „тој не му верува“.

„Ова е само преговарачки стил на Трамп. Апсолутно сум сигурен дека Трамп не му верува на Путин… Со Трамп работев три години. Го познавам претседателот Трамп и тоа е неговиот пристап“, истакна Порошенко.

Како што изјави Порошенко, доколку Путин постави „услови, предуслови, одбивања, тој очекува план Б од претседателот Трамп“.

„И планот Б треба да биде: прво, повеќе оружје за Украина, второ, зајакнување на санкциите против Русија, трето, враќање на трансатлантското единство, четврто, финансиска поддршка, петто: можност за влез во НАТО“, нагласи Порошенко.

Тој, исто така, привлече внимание на фактот дека Украина нема доволно луѓе за јуришни операции на директната линија на фронтот.

„Мораме да изградиме утврдувања. Мора да се грижиме за животот на секој војник. Мора да го заборавиме зборот офанзивна операција“, рече Порошенко.

Според него, треба „да се престане со убивање на луѓе“, а највисок приоритет треба да биде одбраната на територијата.

„Користење на утврдувања, мински полиња, модерна воздушна одбрана со наведувани бомби. Сите овие мерки можат да ја сопрат Русија и да ја принудат да плати повисока цена“, истакна поранешниот украински лидер.

Тој, исто така, посочи дека во Украина мора да се одржи единството, а неприфатливо е кога лидер на опозицијата е прогонуван.

„Ова мора веднаш да престане. Не затоа што се работи за мене, туку затоа што мораме да го одржуваме единството. А единството е одлучувачко, многу силен фактор за запирање на Путин“, заклучи Порошенко.

Зачлени се на нашиот е-билтен