Подгорица и Вашингтон не водле дипломатски разговори за можноста Црна Гора да прифати мигранти протерани од САД, соопшти Министерството за надворешни работи на Црна Гора.
„Досега немаше комуникација со САД за тоа прашање“, изјави за „Вијести“ одделот на чело со Ервин Ибрахимовиќ, во врска со тврдењето на американскиот „Блумберг“ дека администрацијата на Трамп се обидува да ги убеди земјите од Западен Балкан да прифатат мигранти чиј престој во САД е укинат.
Врз основа на одговорот од Министерството, кој го објавува подгоричкиот весник, официјална Подгорица не го објавува својот став за можноста за прифаќање граѓани на трети земји од САД.