Дали светот е подготвен за нова пандемија?! Светската здравствена организација донесе итно соопштение

По повеќе од четири години преговори земјите-членки на СЗО постигнаа договор за заедничка подготовка за идни пандемии.

Светската здравствена организација, ваквата вест ја објави вчера.

„Земјите-членки на СЗО направија голем чекор напред во напорите да го направат светот побезбеден од пандемии. Ова е историски договор за здравствена безбедност, еднаквост и меѓународна солидарност“, се вели во соопштението, според Ројтерс.

epa08888461 Kerry Menmuir Director of Inpatient Pharmacy at Ronald Reagan UCLA Medical Center, stores doses of the Covid-19 vaccine in a medical grade refrigerator, in Westwood, California, USA, 16 December 2020. EPA-EFE/Brian van der Brug / POOL

Во предлогот се наведуваат мерки за спречување на идни пандемии и глобална соработка во справувањето со епидемиите, пишува Политика во Танјуг.

Ројтерс објави дека станува збор за правно обврзувачки пакт насочен кон зајакнување на одбраната на глобалното население од вирусот, откако неколку милиони луѓе починаа за време на пандемијата на Ковид-19 помеѓу 2020 и 2022 година.

Зачлени се на нашиот е-билтен