Институтот за јавно здравје излезе со застрапувачки бројки, дека поради загадениот воздух во Македонија годишно умираат околу 4.000 луѓе.
„Македонија губи 4.175 животи кои можат да се препишат на изложеноста на тековните концентрации на ПМ честичките“, велат во ИЈЗ.
Скопје и други градови во текот на зимскиот период многу чсто се напѓаат во топ 10. најзагадени градови во светот.
Како да го заштитиме нашето здравје во услови на екстремна загаденост на воздухот. Еден од начините кои се клучни за подобрување на квалитетот на воздухот во затворените простории е „вентилацијата и намалувањето на влажноста“.
„Лошата вентилација во куќа или стан овозможува загадените честички да останат во воздухот, па затоа е неопходно да се подобри вентилацијата“, велат лекарите.
Има цела листа на совети како и што да правите во деновите на зголемено загадување за да го заштитите вашето здравје, а има работи што секој може да ги направи за да го подобри квалитетот на воздухот во својот дом.
Би-Би-Си, ги пренесува ставовите на Раџеш Сареш, од Институтот за енергија и истражување во Индија, кој вели дека прочистувачот на воздух овозможува свежиот воздух да остане внатре.
„Отворете ги прозорците и вратите најмалку два до три пати на ден, освен ако не сте алергични или, доколку температурите се екстремно ниски“, вели Сареш.
Во тој случај, можете да обезбедите внатрешна вентилација со систем за климатизација со филтри. За време на готвењето или капењето, добро е да го вклучите вентилаторот за извлекување ако го имате, за да го отстраните загадувањето и да ја намалите влажноста.
Доколку не можете да си дозволите скапи прочистувачи на воздух, пополнете го просторот со домашни растенија.
Некои растенија можат да помогнат да се отстранат токсините од воздухот и се сметаат за „ветувачки, исплатливи опции за прочистување на загадувањето во затворен простор“, вели Сареш.
Има скептици кои веруваат дека нема доволно студии за да ја поддржат оваа теорија, но ако ништо друго – билките се лек за душата.
За почетници во одгледување домашни растенија, еве краток список на растенија што можете да ги одгледувате во затворен простор:
Арека палма: една од најлесните палми за одгледување во затворен простор. Таа е рангирана високо во истражувањето на НАСА за чист воздух.
Клучни придобивки: апсорпција на јаглерод диоксид
Златен ползавец/Дрво на пари: овој внатрешен ползавец лесно се одгледува и одржува.
Клучни придобивки: Помага да се отстранат испарливите органски соединенија од синтетички бои или теписи.
Драцаена: По потекло од Источна Африка, ова растение често се користи за украсување домови и канцеларии.
Клучни придобивки: Добар е за намалување на токсичните испарувања на органски соединенија, како што се бензен, формалдехид, толуен и ксилен.
Сансевиерија: Ова цветно растение не бара многу вода, особено во зима.
Клучни придобивки: апсорпција на јаглерод диоксид, особено ноќе. Помага во отстранување на формалдехид и натриум диоксид.
Без разлика кое растение ќе го изберете, треба да запомните дека за да бидат домашните растенија природни прочистувачи на воздухот, треба да бидат здрави, вели Сареш.
„Во спротивно, може да испушти биолошко загадување во воздухот“, додава тој.
Елиминирајте ги вештачките освежувачи, бидејќи испарливите органски соединенија се појавуваат секогаш кога користите вештачки мириси. Тие можат да реагираат во воздухот, создавајќи потенцијално опасни коктели.
На пример, нееколошките освежувачи на воздухот во домот можат да создадат формалдехид, супстанца поврзана со рак. Префрлете се на производи без мирис и избегнувајте спрејови како дезодоранси, средства за чистење теписи и освежувачи на воздух. Сареш, исто така препорачува кујната да се чисти со сок од лимон и сода бикарбона за да се елиминираат мирисите. Исто така „забраната“ да се пуши во собата, е меѓу клучните фактори за чист воздух.
Пушењето само по себе е непријател на здравјето, но пушењето во затворени простории е сосема непожелно. Акумулацијата на чад може да има сериозно влијание врз квалитетот на воздухот во внатрешноста, особено во слабо проветрени простории. Изложеноста на пасивно пушење може да ги изложи другите на ризик од болест.
Бебињата изложени на чад од цигари во домот се изложени на поголем ризик од синдром на ненадејна смрт на доенчиња.
Ослободете се од алергените, бидејќи поленот и прашината може да го влошат ризикот од болест – особено во случај на астма, ринитис или алергии.