Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Даниелсон: Се надевам, уставните измени ќе се случат наскоро

„Се надевам дека уставните измени ќе се случат насокоро, со што ќе се овозможи отворање на поглавјата и членство на Република Северна Македонија што посокоро, со почитување на копенхашките критериуми“, посочил, државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Шведска, Кристијан Даниелсон. Ваквата порака поранешниот директор на Директоратот за проширување и соседска политика на ЕУ, Даниелсон ја испратил на денешната средба со претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој е во посета на Шведска. Од кабинетот на спикерот Гаши информираат дека Даниелсон нагласил дека неговата земја останува поддржувач на македонските евринтеграциите.

На средбата, Даниелсон го информирал спикерот Гаши дека во институциите на ЕУ се водат дискусии за потребните институционални и финансиски подготовки за интегрирање на нови членки.

Гаши го информирал домаќинот дека интеграцијата во Европската унија останува најважен стратешки и надворешно политички приоритет, проследен со почитување на европските вредности и иплементирање на европските стандарди.

„Евроинтегративниот пат на Република Северна Македонија е условен со промена на Уставот, чекор за кој технички, како државата сме подготвени да го направиме, но притоа треба да се има во предвид почитувањето на достоинството. Европската иднина и добрососедските односи се целосно комплементарни и се од взаемен интерес за сите држави во регионот“, нагласил Гаши.

Пратениците и претседателот се заблагодариле за постојаната поддршка од Кралството Шведска и побарале конструктивната помош да продолжи и во иднина.

Собраниската делегација предводена од Гаши, а во чии состав се и пратениците Дафина Стојаноска, Беким Сали и Митко Трајчулески,собрнаи остварила и работна средба со раководителот на Секторот за безбедносна политика во Шведската агенција за одбранбени истражувања, Мајк Винерстиг.

Оваа агенција е еден од водечките европски истражувачки институти во одбраната и безбедноста, која работи под Министерството за одбрана, но врши истражувања и за многу други владини органи, општини и компании, во областа на одбраната и безбедноста. На средбата биле разменти мислења и ставови во однос на членството на Шведска во НАТО, поддршката на граѓаните за таквата одлука, а се дискутирало и за актуелните глобални безбедносни ризици и закани.

Во рамките на официјалната посета, Гаши и пратениците се сретнале со генералниот секретар на Меѓународниот институт за демократија и изборна помош Кевин Касас-Замора. Институтот е меѓувладина организација со мандат да ја поддржува одржливата демократија ширум светот. Институтот работи во 35 дражави во светот и изработува анализи поврзани со избори, парламенти, уставни прашања, дигитализација, климатски промени, инклузија и политичко претставување, и сето тоа под чадорот на Целите за одржлив развој на Обединетите Нации. Генералниот секкретар информирал и дека Институтот им помага на земјите кои имаат аспирации за членство во Европската Унија и во таа насока беше дискутирано и за можностите за воспоставување на заедничка а институционална соработка.

Зачлени се на нашиот е-билтен