Данска инвестира милијарди поради заканите на Трамп! Пристигнуваат воени бродови и беспилотни летала

Данска објави дека планира да одвои околу 2,5 милијарди долари за зајакнување на безбедноста на Гренланд и на регионот на Арктикот, пишува Би-Би-Си. Во тој пакет вклучено е купувањето на три нови бродови за Арктикот, дополнителни дронови со долг дострел со напредни можности за сликање и подобрени сателитски способности.

„Мораме да се соочиме со фактот дека има сериозни безбедносни и одбранбени предизвици на Арктикот и Северниот Атлантик“, изјави данскиот министер за одбрана Троелс Лунд Паулсен.

Данска реагираше откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе го „купи“ Гренланд. Овој остров има автономија, но е дел од Кралството Данска.

Зачлени се на нашиот е-билтен