Дебата на Националната конвенција за Европската Унија во Скопје

Националната конвенција за Европската Унија во Северна Македонија ќе биде домаќин на 16. сесија на Работната група 4 – Правда, слобода и безбедност (Поглавје 24) во организација на Европското движење. Тема на настанот е „Предизвици и перспективи во националните политики за дрога и психоактивни супстанци: усогласување на македонското законодавство со европските стандарди“, информираат организаторите на настанот.

– Дијалогот ќе се фокусира на клучните предизвици и можности во процесот на усогласување на македонското законодавство со европските стандарди во областа на политиките за дрога и психоактивни супстанци. Дебатата, исто така, се очекува да ги отвори и прашањата околу механизмите за мониторинг и справување со криминалните активности поврзани со дрогата, како дел од пошироките напори за борба против организираниот криминал, што е длабоко инфилтриран во оваа област и има значајни општествени последици, се додава во соопштението.

Како што е најавено, воведно обраќање во темата ќе има министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, додека покрај национални експерти, претставници на академската заедница и на граѓанските организации, на сесијата ќе учествуваат и словачки стручњаци за криминалистика.

Зачлени се на нашиот е-билтен