Висока делегација на Вооружените сили на Унгарија, предводена од началникот на Генералштабот на ВС, генерал Габор Беренди, е во дводневна официјална посета на Армијата на Република Северна Македонија.
Од Генералштабот на Армијата информираат дека генералот Беренди, по денешниот пречек со високи воени почести во Кампот за обука на вода во Охрид, ќе оствари средба со началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски.
Главни теми на средбата, како што се наведува во соопштението, ќе бидат унапредување на билатералната воена соработка, процесот на трансформација и модернизација на Армијата, соработка помеѓу специјалните сили, како и капацитетите на АП „Криволак“.