Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Деветгодишно дете е најмладата жртва во Магдебург, вкупно пет починати и над 200 повредени

Фото: X

Германските власти соопштија дека бројката на загинати од синоќешниот напад со автомобил на Божиќниот пазар во Магдебург се искачи на пет лица, со повеќе од 40 тешко повредени.

Според официјалните податоци, над 200 лица вкупно биле повредени при инцидентот, од кои за 11 кои биле во критична состојба синоќа, здравствените власти попладнево известија дека се надвор од опасност.

Најмладата жртва во нападот е девет годишно дете, додека според полицијата, останатите четири лица се возрасни.

Обвинителот Хорст Валтер Нопенс соопшти дека досега осомничениот ќе се товари за пет убиства и тешки повреди, но додаде дека како што напредува истрагата и обвинението дека може да се менува.

Претставник на полицијата објасни дека напаѓачот влегол низ празнина и возел низ толпата пред да сврти десно кон градското собрание. Во овој момент, напаѓачот забрзал и продолжил да вози низ пазарот, каде што луѓето се шетале. Целиот негов напад траел околу три минути и според полицијата веројатно работел сам.

Обвинителот вели дека сè уште работат на разјаснување на мотивот, но споменува дека тоа е поврзано со „незадоволството од третманот на бегалците од Саудиска Арабија и како тие биле третирани во Германија“.

За потсетување, осомничениот е по потекло од Саудиска Арабија. Тој дошол во Германија во 2006 година и бил признат како бегалец во 2016 година.

Зачлени се на нашиот е-билтен