Девојче од Косово убиено во масакрот во Грац: Поранешен ученик влегол во училиштето и почнал да пука, а потоа се самоубил

Девојче од Косово е убиено во масакр во училиште во Грац.

Новинарот Вехби Халити, кој живее и работи во Грац, за медиумите изјави дека меѓу жртвите има и девојче од Косово.

„За жал, ова што го кажувам е вистината. Таа е ќерка на еден од нашите активисти овде во Грац. Ова е една од најголемите трагедии во Австрија од Втората светска војна“, рече Халити.

Тој истакна и дека го знае името и презимето на девојчето, но дека не сака да ги открие.

Поранешниот ученик на училиштето, Артур А., утрово околу 10 часот влегол во училиштето со две огнени оружја и почнал да пука кон учениците и наставниците. Во масакрот загинаа единаесет лица, меѓу кои и многу деца.

По крвававиот пир, напаѓачот се самоубил.

Зачлени се на нашиот е-билтен