ДИК изгласа одлука за ангажирање лица во работна група за обработка на избирачки список и серверска и мрежна инфраструктура

Државната изборна комисија денеска на седница едногласно изгласа одлука за ангажирање на лица во работна група за серверска и мрежна инфраструктура, одржување бази на податоци и обработка на избирачки список и определување на надомест за ангажираните лица.

На 123. седница на ДИК, беше кажано дека  одлуката произлегува од одредбите на Изборниот законик, а образложение за одлуката даде членот на ДИК Дитмире Шеху. 

Едногласно помина и одлуката за процедурата за спроведување постапки за доделување на договори за јавни набавки и нивна реализација.  Членот на ДИК Ангелчо Ристов, кој даде образложение,  појасни дека се врши  усогласување на процедурата согласно последните законски измени на Законот за јавните набавки и се дополнува во делот на постапката за изготвување на одлука за формирање на комисија за јавна набавка и одлука за избор на најповолен понудувач. 

„Со оглед на фактот дека имаме сега избрано генерален секретар, па тој фактички се вклучува во постапката за проверка и одобрување на одлуките за формирање на комисија за јавна набавка и избор на најповолен понудувач“, рече тој. 

Зачлени се на нашиот е-билтен