Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Димитриеска-Кочоска: Денеска завршен состанок на банките за парите од унгарскиот заем

Министерството за финансии имаше состаноци со секоја банка поединечно и денеска тие ќе имаат завршен состанок да ги додефинираат работите, за парите од унгарскиот заем, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска,

–  Во однос на каматната стапка, секоја од нив имаше свои предлози. Ги замолив денеска да се договорат и дадат конечен предлог што ќе биде понизок од 3,25 проценти, изјави Кочоска.

Прашана колку точно ќе платат компаниите кон банките, Кочоска, повтори дека тоа ќе го кажат банките кога конечно ќе ги пласираат средствата. 

–  Да оставиме денеска да се договорат, затоа што ви кажувам имаше банки кои што предлагаа одреден ранг. Јас сега што и да кажам е несериозно, изјави Кочоска. 

Секоја компанија, посочи Кочоска, ќе може да отиде кај банка каде што сака и ако и биде одобрено, Развојната банка потоа ќе трансферира пари до таа одредена банка.  

Кочоска, исто така, нагласи дека немале проблем со банките, односно дека проблем бил начинот на кој ќе се дефинира рокот и ништо повеќе од тоа.

Зачлени се на нашиот е-билтен