Во Собранието на пратенички прашања одговараше и претседателката на Антикорупциска комисија Татјана Димитровска беше прашана за случајот за проверката на дипломата на директорот на АНБ Бојан Христовски како и со евентуалниот судир на интереси на членката на Антикорупциската Цвета Ристовска.
„Во однос на проверка на веродостојноста на документите кои го потврдуваат завршеното високо образование. Државната комисија уште еднаш ќе посочам дека не е надлежна и нема правни механизми да го стори тоа. Надлежност за проверување на веродостојноста на овие документи е Државниот просветен инспекторат за кој Државната комисија достави барање, беше изготвен записник од надлежниот орган и согласно заклучоците од тој записник беше донесена и одлуката. Исто така во однос на судирот на интереси Државната комисија има ексклузивна надлежност да проверува случаи за постоење на судир на интереси исто така ќе укажам дека членот на Комисијата нема склучено договор за финансиски надоместок, не е член од наставниот кадар на Факултетот пред повеќе од кога последен пат била ангажирана како експерт-предавач пред околу четири години. Само да дополнам во однос на начинот на распределба да предметите истиот е уреден во деловникот за работа на Комисијата, предметите се распределуваат електронски, нема можност за човечки фактор, односно субјективизам, а во последниот период го унапредивме и овој начин,“ изјави претседателката на Антикорупциска комисија Татјана Димитровска.