Димитровска го урива авторитетот на ДКСК

Поранешната претседателка на ДКСК, Билјана Ивановска фрапирана од сознанието дека актуелната претседателка на ДКСК Татјана Димитровска е под сомение дека споделила податоци на осомничено лице во предметот Адитив во врска со истрагата.

Имам многу непријатно чувство, пред се затоа што станува збор за човек со кој што потекнуваме од иста институција – ДЗР каде што особено внимание се посветило на меѓународните стандарди за етичко однесување и интегритет.

И Екс-министерот и актуелен претседателот на невладината „Солуција“, Никола Димитров ги коментираше вчерашните случувања и фактот што претседателката на Антикорупциската комисија.

-Луѓето кои раководат и работат во нив. ДКСК беше синоним за надеж, интегритет, светла точка и остров на интегритет. Затоа, ако сакаме функционални институции, мора да туркаме напред личности со висок интегритет, способности, искуство и квалификации. 

Димитровска, според потврда од Јавното обвинителство се сомнични дека со умисла ја искористила својата функција и оддала службена тајна со тоа што во повеќе наврати споделила податоци на осомничено лице во предметот Адитив во врска со истрагата.

Зачлени се на нашиот е-билтен