Во 2025 фокусот на случаи со корупција во здравството, правосудството и инспекциски служби, велат од ДКСК!
На претседателката на ДКСК Татјана Димитровска, око не и трепна откако експертската и политичката јавнсота се крена против работата на Комисијата и побара оставка.
ДКСК денска ладно си ја изгласа програмата за работа во која најавува дека „ќе се борела против корупцијата и непотизмот“!!!
Таа не успеа да се бори против непотизмот во своите редови, а камо ли во општеството.
Довербата на целата Комисија е разнишано и тешко дека наскоро ќе може да се поврати по односот со случајот на директорот на АНБ.
ДКСК најпрво со неделеи одолговлекуваше да се изјасни за дипломите на Бојан Христовски, за потоа одеднаш да најде соломонско решение и да се изјасни за ненадлежна.
Комисијата како прво и основно се уште се нема изјаснето за Тоефел дипломата на Христовски стекната на непознат начин во Бугарија, нешто заради што претсходно „настрадаа“ неколку наставници, а потоа целиот ангажман на „истрага“ на ДКСК се сведе на извештајот на еден нејзин член, Цвета Ристовска која „најде“ дека Христовски е „чист“ по однос на дипломата од Факултетот за Туризам и менџмент каде таа била ангажирана како наставен кадар.
Инаку целиот „темелен“ ангажман на Комисијата за проврка на фактите се сведе на извештајот на Државниот просветен инспекторат и ништо повеќе..