Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Доаѓа ладен и влажен бран од Арктикот во Македонија – Ќе донесе нов снег!

Под влијание на многу поладен и влажен воздушен бран со потекло од Арктикот, и истиот најмногу ќе биде почувствуван во земјите од регионот, кај нас во петок навечер и ноќта кон сабота, како и во сабота, особено претпладне ќе има врнежи од дожд, додека на повисоките места и на планините, секако и на Скијачките центри тие ќе бидат од снег, каде постојаната снежна покривка ќе се зголеми. Сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од северен правец.

Поради заладувањето, во текот на ноќта петок кон сабота и во сабота претпладне, особено во северозападните  и во западните предели повремен снег ќе има  и во пониските места (градовите). Во сабота до попладневните  и вечерните часови врнежите насекаде во Македонија ќе престанат.

Со овој бран во Скопскиот регион ќе има повремен дожд, додека на околните планини, а потоа  и во повисоките предели од котлината ќе има повремени послаби врнежи од снег. Не се исклучува можноста во овој период, многу накратко сосема слабо провејување од снег да има и во делови од ниските предели од котлината. И во Скопскиот регион со овој бран ќе дува повремено засилен ветер од северен правец.

Што се однесува до температурите, тие во петок ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 11 степени, додека во сабота ќе бидат значително пониски и ќе се искачуваат во интервалот само од 1 до 8 степени. Во повисоките места, како и на планините, и секако на Скијачките центри температурите постојано ќе бидат под нулата.

За време на викендот наутро ќе биде особено студено кога температурите речиси насекаде ќе бидат под нулата, а понекаде и тоа особено во Беровскиот регион, како и во повисоките населени места, планините и Скијачките центри ќе се спуштат до околу -10 степени.

Зачлени се на нашиот е-билтен