Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски, не заборава да даде и по некоја оптимистички изјави за победа на локалните избори за кој се очекува да се случат наесен.
За себе смета дека е „реален“ оптимист во однос на победата на локалните избори кои се очекува да се одржат во првата половина на октомври оваа година. Повикувајќи се на партиски анкети вели дека тие покажале убедлива предност на ВМРО-ДПМНЕ, која се движи од 4:1 во однос на втората најголема партија.
„Очекувам дека коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде апсолутен победник. Се потпираме на мерењата што ги правиме редовно, кои покажуваат растечка поддршка за нашата партија. Јануари беше подобар од декември, а последната анкета покажа дека ВМРО-ДПМНЕ има над 30 проценти, додека втората партија е со рејтинг од 6,8 проценти“, изјави Мицкоски.
Од друга страна опозициската СДСМ, секојдневно информира како јкај Мицкоски царува непотизмот. Во последното партиско соопштение информираат дека ДПМНЕ, во Музејот во Велес, ја вдоми и сестрата на министерот за култура, Зоран Љутков.
„ДПМНЕ ја направи Македонија приватна фирма, за семејни вработувања на блиските на функционерите од власта. Семејството Андоновски е само еден во морето примери за непотизам и за семејно-партиски стебла вдомени на грбот на народот. Тате Љупчо е советник, бате Игор е началник, синот Стефан е министер, сите во Владата на Мицкоски. Не е само тате-бате-сине, има и бате-дада непотизам во Владата на Мицкоски. Сестрата на министерот за култура Љутков е вработена во Музејот во Велес во овој период. Значи бате е министер во Владата на Мицкоски а дада е вработена во Музејот во Велес“.
Од СДСМ обвинуваат дека наместо најавеното изборно ветување за мерит систем, државните институции се полнат со роднини на функционерите на ДПМНЕ.
„Единствен критериум за некој да добие вработување е фамилијарните и партиските врски, ништо друго. И затоа младите и способни луѓе ја напуштат земјата“, велат од СДСМ.