Откако премиерот Христијан Мицкоски лошо се справи со секојдневното покачување на цените на храната во супермаркетите, но и по меѓународната изолација во врска со напредокот на евроинтегративниот пат на Македонија, во јавноста преку ноќ ја отвори спасоносната тема за промена на државниот грб. Тој рече дека владата го отворила прашањето за промена на државниот грб, со оглед на тоа што Македонија е една од двете постсоцијалистички држави кои сѐ уште го немаат сторено тоа. Мицкоски, потсети дека првиот договор за такво нешто е направен од страна на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во времето кога со партијата раководеше неговиот претходник, Никола Груевски.
„Јас знам дека имаше договор помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за промена на државниот грб. Тоа беше пред неколку години, ако не се лажам, 2014 или 2015. Така мислам дека тоа се случи. Инаку, ние тоа прашање го отворивме и ценам дека сме една од двете држави, постсоцијалистички коишто сѐ уште го имаат стариот државен грб, со некои мали модификации. Но кратко да кажам, имаше договор помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ кога бевме во иста Влада, односно кога таа Влада ја водеше Никола Груевски“, рече Мицкоски
Коалицискиот партнер ВРЕДИ и Б илал Kaсами ја прифатија идејата но и ја надгради. Предложи во пакетот со промена на дежавниот грб да се смењни и химната „Денес над Македонија се раѓа…“, но и за дефинирање на албанскиот јазик во Уставот.
„Сакаме да го отсликаме новото време, а тоа е Македонија да биде дел од европското семејство. „Ќе бевме подготвени да разговараме за пакет каде што секако ќе се разгледуваше грбот, прашањето за химната, но и прашањето за другите уставни измени поврзани со унапредувањето на албанските права или прашањето за несоодветното дефинирање на албанскиот јазик во уставот, како јазик на 20 отсто“, рече Касами.
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче остро се спротивстави на идејата на Мицкоски за промена на грбот.
„Сметаме дека државниот грб, сосема соодветно, прво хералдиски ги отсликува сите карактеристики на ова поднебје. Јасен е континуитетот и придобивките од Народноослободителната и антифашистичка војна, а нема никаква поделба во однос на етничките групи. Доколку има таква иницијатива, со сите демократски средства најостро ќе се спротивставиме на промена на државниот грб“,рече Филипче на денешниот брифинг со новинарите во седиштето на партијата.
Според него, ова е уште еден од низата ненајавени, а испланирани предлози на ВМРО-ДПМНЕ што се повторува од минатото, кога ВМРО-ДПМНЕ беше во коалиција со Демократската унија за интеграција (ДУИ).