Додик: Подготвени сме на разговор со сите, но не и да не игнорираат

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека е подготвен да разговара со сите претставници на бошњачкиот и хрватскиот народ и да ги отвори сите теми за тоа како Босна и Херцеговина да стане уставна и одржлива за сите, но дека српскиот народ нема да се придржува до правилата според кои ги губи сите права што ги стекнал.

„Не сакам да припаѓам во историјата на српскиот народ на оние политичари кои беа окарактеризирани како некој што на маса ги загуби сите наши победи. Затоа, инсистирам на тоа што е наше и што ни го даде Уставот на БиХ. Не бараме ништо повеќе. И ние мислиме дека БиХ може и треба да остане таква“, рече Додик.

Тој најави подготвеност за разговари и за тешки теми, како што се судот, обвинителството и се останато. „Тоа го понудивме и претходно. Но, не сме подготвени да прифатиме игнорантски да се однесуваат кон интересите и правата на Србите овде и во Република Српска во целина“, изјави синоќа Додик на заедничката прес-конференција со српскиот претседател Александар Вучиќ во Бања Лука.

Додик истакна дека мирот е примарен и дека нема да поддржи никаква активност насочена против кој било припадник на бошњачкиот или хрватскиот народ, како што нема да дозволи ништо да се направи против српскиот народ.

Зачлени се на нашиот е-билтен