Синот на новоизбраниот претседател на САД додава дека било „гадно“ шкотскиот прв министер Џон Свини да ја поддржи демократката Камала Харис пред изборите.
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, опседнат со голф, ќе ја посети Шкотска следната година за отворање на нов терен во Абердиншир, изјави неговиот син Ерик за британската новинска агенција PA за време на интервјуто во вторникот.
Ова ќе биде прво патување на Трамп во Шкотска од неговата победа на американските избори во ноември.
Компанијата „Трамп интернешнл“ соопшти дека теренот во Абердиншир, кој се очекува да биде отворен во летото 2025 година, ќе ги содржи најголемите песочни дини во Шкотска и ќе ги формира „најголемите 36 дупки во голфот“, заедно со оригиналниот терен што беше завршен во 2012 година.