Драстичен пад на бројот на сириски баратели на азил во Европа

Бројот на сириски државјани кои поднеле барање за азил во Европската Унија драстично се намали од почетокот на годинава. Според податоците на Агенцијата на ЕУ за азил, во февруари само 5.000 Сиријци поднеле барање за азил – најниско ниво во изминатите десет години. Тоа претставува пад од 70 отсто во споредба со октомври 2024 година.

Агенцијата го поврзува овој развој директно со падот на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад во декември минатата година, што, според неа, донело значителна промена во политиките за азил во Европа. Се наведува дека Сиријците до неодамна биле најбројна група меѓу барателите на азил во ЕУ.

Голем број европски земји, меѓу кои и Германија, веднаш по уривањето на Асад од власт го суспендираа разгледувањето на барањата за азил од сириски државјани.

– Најновите статистики за азилот ја покажуваат важноста на стабилноста во другите региони за европската миграциона политика, изјави европскиот комесар за миграција, Магнус Брунер.

Зачлени се на нашиот е-билтен