Тој прецизираше дека Палестина официјално ќе биде признаена на крајот на јуни и додаде дека тоа е морална одговорност на државата.
Малта официјално ќе ја признае Палестина следниот месец, со што ќе заврши 45-годишната национална дебата за ова прашање, рече премиерот Роберт Абела.
Не можеме да ги затвориме очите пред човечката трагедија, која секој ден е се полоша, изјави Абела, мислејќи на војната во Газа, каде беа убиени речиси 54.000 Палестинци, пренесува „Малта тудеј“.
Абела го сподели своето искуство од неодамнешната посета на бегалските кампови во Јордан, каде што се сретна со палестински деца кои беа донесени на лекување во Малта.
Тој прецизираше дека Палестина официјално ќе биде признаена на крајот на јуни и додаде дека тоа е морална одговорност на државата.