Државната комисија за спречување на корупцијата одржа седница, Димитировска не дојде

Државната комисија за спречување на корупција денеска ја одржа 18-та седница на која членовите на комисијата реферираa за предметите. Седницата ја водеше заменик-претседателката на комисијата Билјана Каракашова Шулев бидејќи на седницата не присуствуваше претседателката Татјана Димитровска.

Претседател на Совет и двајца членови на Совет на една општина вршеле и други функции, до Комисијата стигнала пријава од непознат подносител за што има делумна повреда на законските одредби. По прибраните документи и постапувања било утврдено дека претседателот на Советот кој бил и директор на здравствена установа, советник бил директор на затвор, а трет бил раководител на подружница на „Национални шуми“. Членот на Комисијата Зоран Богоевски кажа дека Комисијата повела прекршочна постапка, претседателот на Советот ја уплатил глобата и не е веќе претседател на Совет, членот на Советот кој е директор на затвор си дал оставка, а третиот член како раководител на подружница не влегува во групата на избрани и именувани лица. Директор на кумановско училиште на време не поднел изјава за имотна состојба и платил налози.

Каракашова Шулев кажа дека постапувале по акумулација на функции кај две лица, од кои за едниот веќе постапиле, вториот член на Совет на општина бил именуван за директор на болница. Комисијата констатирала прекршок и издала платен налог и му наложила да се октаже од едната функција, лицето уплатило, но не се откажал од функциите. Комијата ќе го информира министерот за здравство кој го именувал како и до Советот на општина Гевгелија. Претседател на Совет бил и директор на Општа болница, а друг член на совет бил в.д. директор.

Цвета Ристовска, член на комисијата, рече дека постапувале по сопствена иницијатива за можен судир на интереси во Фондот за иновации и технолошки развој. Лице кое било ангажирано по договор на дело, бил координатор на комисија која одлучувало за грантови со трговско друштво во кое подоцна со сопственикот формирал друга фирма, иако претходно потпишал изјава дека нема судир на интерес. ФИТР ја информирало комисијата дека не учествувал во повторна административна проверка, но и немало друга комисија за проверка. Комисијата добила известување и своите предмети ќе ги достави до обвинителството, бидејќи веќе имало пријава во обвинителство за тогашен директот на Фондот за иновации за доделување на средства и грантови. Комисијата не утврдила прекршување при вработување на професор на Природно-математички факултет на УКИМ и не утврдила неправилности за зголемување на плата на генерален директор на АД, бидејќи имале нови менаџерски договори за унифицирање на плата по насоки на генералниот секретаријат на Владата.

Богоевски рече дека спровеле постапка по сопствена иницијатива за лице кое било член на комисија за организација и со статус од јавен интерес, бил и член на УО на Универзитетска клиника, што е спротивно од Законот за спречување на корупција и судир на интереси. Лицето не доставило одговор до комисијата која барала информации од клиниката со кое потврдила дека е член на одборот. Владата одговорила дека лицето бил член на комисијата. ДКСК издала прекршок и платен налог, повела и прекршочна постапка до комисијата и лицето има глоба од 300 евра, по што бил разрешен од член на одбор на клиниката.

Поранешен градоначалник за време на мандатот вработил блиско лице-возач во општината, но бидејќи поминале две години комисијата не може да постапува. Комисијата проверувала и имотна состојба на еден судија и не утврдила дека претседателка на еден основен суд нема несразмерно зголемување на имотот.

Ристовска кажа дека постапувале по пријава за незаконски права од социјална пензија, гарантирана помош, надомест за помош и нега во Центарот за социјални работи во Тетово. Соодветниот инспекторат од ресорното министерство констатирал прекршоци од законот и на правилниците. Во Центарот за социјални работи во Тетово имало комисии со непотполн состав, имало пропусти за неосновано исплатени средства на граѓани за туѓа нега и пропусти при обнова на документи. Инспекторатот го задолжил раководното лице во рок од 60 дена да ги отстрани неправилностите, побаран е уште еден надзор од инспекторатот по што е констатирано дека во десет предмети се надминати неправилностите, за останатите пет права за социјална помош Центарот има рок од 60 дена до јули годинава да ги надмине, изречена е и опомена на раководното лице. Комисијата ќе бара пак надзор и од инспекциски совет.

Комисијата постапувала и по предмет за кој има предмет и обвинителството, во кое лице како в.д. директор го реновирал и купил мебел за кабинетот, склучил договор со адвокат на кој му исплатил парични средства од агенцијата.

Комисијата постапувала и по предмет за користење возила во државен инспекторат од вработени кои биле административци. Пријавата имала конкретни детали, по проверката на состојбата ДКСК добила известување дека возилата можат да ги користат вработените по овластување на раководното лице. Утврдено со правилникот дека можат да се користат, Комисијата не констатира прекршувања, но како што наведува Богоевски. нивната формулација овозможува широка дискреција и во отсуство на контроли и има ризик од злоупотреба при користење на возилата и ќе се достави до вицепремиерот задолжен за добро владеење.

Комисијата нема да постапува по предмет од пријавувач сопственик одгледувач на канабис бидејќи за предметот постапува друг орган. ДКСК прибирајќи докази не констатирала неправилности за повреда од одредби од законот за внатрешни работи против поранешен министер за внатрешни работи кој донел решение за распоредување на друго работно место. Комисијата нема да постапува по предмет за дивоизградена викендичка за градоначалник од скопскиот регион бидејќи има предмет во обвинителството.

ДКСК по направениот увид во сопствената евиденција за неподнесување анкетен лист за имотна состојба издало платен налог за лице. Комисијата за избор на наставници не утврдило неправилности. Комисијата упати предмет за примање социјална помош треба да го разгледува комисија од Министерство за социјална политика. Комисијата нема да разгледувала предмет за реконструкција на игралиште од директор, а друг директор формирал паралелки без согласност од МОН, бидејќи постапува управата за финансиска полиција. Кандидат за административец во општина се жалел дека градоначалник не можел да го вработи, иако немало обезбедено средства од Министерството за финансии. Обвинителство оформило предмет за лица во „Национални шуми“ за злоупотреба на службата, комисијата нема да постапува. Дел од предметите на комисијата ќе ги разгледува Судски совет, за дел веќе има предмети во обвинителството, некои предмети комисијата ги отфрли. 

Зачлени се на нашиот е-билтен