Сите земји-членки на НАТО треба веднаш да ги зголемат трошоците за одбрана на најмалку три отсто од БДП, изјави денеска полскиот претседател Анджеј Дуда на заедничката прес-конференција во Брисел со генералниот секретар на НАТО Марк Руте.
-Поднесов писмено барање до генералниот секретар ова прашање да биде покренато на претстојниот самит во Хаг и да се донесе таква одлука најмалку три проценти од БДП на земјите-членки на Алијансата да се распределат за одбрана, рече Дуда.
Целта на членките на НАТО е да издвојуваат два отсто годишно, додека Хрватска, Португалија, Италија, Белгија, Луксембург, Словенија и Шпанија издвојуваат помалку од два отсто од БДП, покажуваат податоците на Алијансата.