Вчера беше донесена одлука речиси сите притворени да бидат ослободени од активен притвор, освен Крешник Бектеши, кој и понатаму се наоѓа во притвор – лице кое долго време беше цел на политички реваншизам.
Ова веќе не е индивидуално прашање – туку опасен модел на селективна правда, кој станува инструмент за политички притисок и елиминација.
ДУИ јавно и веднаш бара Обвинителството да им одговори на граѓаните:
– Дали е вистина дека обвинител се повлече поради политички водена истрага?
– Ќе дозволи ли Обвинителството да стане инструмент за политички реваншизам кон опозицијата?
– Кои се критериумите според кои едни се ослободуваат, а други остануваат во притвор без доволно докази и со нејасна истрага?
Ова не е правда – ова е политика маскирана во правда.
Не смееме да дозволиме кочанската трагедија да се користи за политичка пропаганда и да се сокрие одговорноста на владејачките структури.
ДУИ не штити поединци – туку ја брани правдата како принцип – еднаква за сите.
Информациите дека јавен обвинител, кој бил дел од случајот, се повлекол поради несогласувања за квалификацијата на делото, а особено поради политички притисок од партиите во Владата, во нормална состојба би била аларм за целото општество.
Во нашата реалност, молкот на институциите зборува погласно од секоја одлука.