ДУИ до Мицкоски: Ако толку силно се спротивставувате на Охридскиот договор, тогаш што нудите наместо тоа

Премиерот Мицкоски, со своето однесување, изјави и постапки, се однесува на начин што ги нарушува стандардот и одговорноста што се бараат од еден државен лидер.
Однесување кое можеби може да му се прости на лидер на партиски огранок, но сигурно не и на премиер на мултиетничка држава.
Тој уништува сè што е изградено со труд и посветеност низ годините – меѓуетнички односи, доверба меѓу граѓаните, лојалност и чувство на заедничка припадност.
Со напаѓање на главните столбови на Охридскиот мировен договор – јазикот, балансерот, правичната застапеност и легитимитетот, јазичниот инспекторат – тој го загрозува самиот унитарен и интегративен карактер на државата.
Затоа, денес сериозно прашуваме:
Ако имате намера да го поништите Охридскиот договор – која е алтернативата?
Бидејќи во политиката нема вакуум. Ако толку силно се спротивставувате на договорот што донесе мир, интеграција, децентрализација и унитарна држава, тогаш треба отворено да покажете што нудите наместо тоа.
Граѓаните прашуваат. И тие се сè повеќе загрижени.
Доколку има намерна промена на државниот курс, тогаш е време за отворена и искрена дебата за тоа кој
тоа е алтернативата на Охрискиот догово.
Бидејќи не можеме бесконечно да ја носиме одговорноста за неговата неодговорност.

Зачлени се на нашиот е-билтен