ДУИ: „Го заборавија Косово!“


Со длабоко жалење и загриженост констатираме една неприфатлива акција што се случи оваа година – за прв пат државните институции, вклучително и претседателот, премиерот и министерот за надворешни работи, не упатија официјална јавна честитка по повод Денот на независноста на Република Косово.
Оваа акција не е само дипломатска отстапка, туку и директен сигнал кој го поткопува духот на добрососедството и регионалната соработка.
Истовремено, со сите државни почести кај нас беше пречекан Милорад Додик – политичка личност познат по деструктивните ставови кон евроатлантските процеси и принципите на регионалната стабилност.
Оваа јасна недоследност во односот кон соседните држави испраќа вознемирувачка порака за насоката на политиката на нашата земја.
Ваквото однесување е последица на зголеменото влијание на концептот „Српски свет“ во Северна Македонија – проект кој претставува закана за суверенитетот, европската перспектива и стратешките интереси на државата.
Промовирањето на оваа идеологија на штета на пријателските односи со Косово е неприфатливо и штетно.

Зачлени се на нашиот е-билтен