Неодамнешните одлуки на судовите за ослободување на некои важни судски случаи поврзани со власта не се случајни, туку се дел од добро координирано политичко сценарио за уништување на темелите на владеењето на правото и ставање на правдата во служба на интересите на власта.
Именувањето на Адријан Демир, познат активист на Влен, за член на Судскиот совет не е случајно.
Ова е само уште еден чекор за инсталирање на експоненти на оваа структура во независните институции, претворајќи ја правдата во политички механизам кој им служи на интересите на власта изградена на измами и манипулации.
Како што ВЛЕН беше создаден да служи за одредена политичка агенда, да ги ослабне Албанците и да го пренасочи евроатлантскиот пат на земјата, сега судството се користи за поништување на претходните одлуки и фаворизирање на поединци поврзани со власта.
Заробувањето на институциите од политички инсталирани поединци не е само закана за правдата, туку и директна закана за граѓаните на Северна Македонија и за европската перспектива на земјата.
Ја повикуваме меѓународната заедница, ЕУ и нашите стратешки партнери да интервенираат и да го надгледуваат ова заземање институции.