Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Дурмиши преку соопштение објаснува за Законот за трговски друштва, донесен на собраниска седница 

По скратена постапка во Собранието е донесен Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва кој е заснован на Реформската агенда, која е составен дел на Планот за раст на земјите од Западен Балкан, усвоен од Европската Унија, информира министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. 

„Според Реформската агенда, конкретно делот 4.1.5. Реформи во управувањето со државни компании, Република Северна Македонија има обврска до крајот на годината да го донесе Предлог на Законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва, со кој за државните компании се воведуваат нови правила за именување независни неизвршни членови во одбор на директори, односно независни членови во надзорeн одбор. Доколку оваа мерка навремено биде реализирана, согласно Реформската агенда за Република Северна Македонија, предвидено e да повлече финансиски средства во износ од 4.400.906,47 евра“, вели Дурмиши во пишано соопштение до медиумите.

Нагласува дека известувањето по Предлогот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва има за цел да воспостави посебни услови со кои се утврдува потребното работно искуство за избор и именување на независни неизвршни членови на одборот на директори, односно независните членови на надзорниот одбор во друштвото со одговорност и акционерскиот совет, во целосна и доминантна државна сопственост. 

„Со други зборови, за избор и именување на независен неизвршен член на одборот на директори, поточно независен член на надзорниот одбор, кандидатот мора да има најмалку четири години работно искуство, конкретно во областа на финансиското работење и правните прашања“, посочува Дурмиши.

На овој начин, додава, се очекува со Предлог-законот да се создаде соодветна правна рамка за прилагодување на критериумите за избор на независни неизвршни членови во одборот на директори и независни членови во надзорните одбори во акционерските друштва со доминантна државна сопственост, во насока на обезбедување на квалитетно управување и ефикасност, а со тоа да се придонесе за подигнување на стручноста и професионалноста во управувањето и надзорот на работењето и управувањето со овие компании.

Зачлени се на нашиот е-билтен