Дванаесет лица загинаа, а шест се повредени денеска во руските напади врз регионите Доњецк, Херсон, Никопол и Запорожје, соопштија украинските власти.
Десетици домови и инфраструктура беа оштетени во нападите во текот на претходниот ден, соопштија локалните власти.
„Околу 180 луѓе се евакуирани од Доњецк“, изјави регионалниот гувернер Вадим Филашкин на Телеграм.
Руските напади, исто така, беа насочени кон инфраструктурни објекти, вклучително и далноводи во регионите Киев и Потлава, но нема повредени цивили, изјавија официјални лица.
Украинските воздухопловни сили соопштија дека собориле 87 од 160-те руски беспилотни летала лансирани во текот на ноќта.