Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Две жртви во невремето „Бора“ во Грција

Две лица го загубија животот во невремето „Бора“ што вчера ја зафати Грција. Најпогодени од невремето беа грчките острови Лимнос и Родос, но со проблеми се соочуваат и други делови од земјата.

Двете жртви се во село на островот Лимнос кое било поплавено, додека голем дел од жителите биле евакуирани.

Десетици спасувачки акции биле спроведени и на Родос, каде што е предизвикана материјална штета на домовите, бизнисите и на патиштата.

Проблеми има и во централниот и северниот дел на Грција, во Тесалија и на Халкидики, каде што исто така имаше поплавени улици.

Граѓаните на Грција добиваа предупредувачки пораки на нивните мобилни телефони, а на островот Родос е воведена забрана за двиежње со возила поради оштетените патишта. Службите побараа и ограничени движења од граѓаните кои се наоѓаат во погодените наслеби на Халкидики, во Солун, Лариса, како и во Платамона, Лептокарија, Скотина и Неи пори беше побарано од граѓаните да ги ограничат нивните движења.

Противпожарната служба на Грција од вчера претпладне до утрово во 5.30 часот примила 1.076 повици за помош, од кои 600 биле на Родос, додека пак од Атина за островот заминале 35 пожарникари со два спасувачки чамци, а на Лимнос биле испратени 25 пожарникари.

Според прогнозите од Националната метеоролошка служба на Грција невремето во одредени делови на земјата ќе трае до понеделник, а од противпожарната служба испратија апел до граѓаните „да бидат особено внимателни и при појава на интензивни временски појави, да ги следат упатствата на надлежните органи“. 

Зачлени се на нашиот е-билтен