Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Еколошките организации со ултиматум – или прифатете ги нашите барања или протест на 28 декември!

Еколошките граѓански организации ги повикаа наделжните институции да ги разгледат нивните барања испратени на 16 декември и се заканија дека доколку немаат одговор до 25 декември, ќе изелзат на протест.

Организациите Зелен хуман град, Шанса за Центар, Зелените од Гази Баба, Независни за Карпош, Биди Зелен, НаТочак, EDEN Environment, Заедно за промена и О2 Иницијатива велат дека нивните барања се истите за кои граѓаните, заедно со независните и зелените организации во Скопје и ширум Македонија, протестираат уште од 2015 година, само што се надополнети со нови мерки.

„Но, додека ние ги дополнуваме мерките, институциите игнорираат да ги разгледаат, усвојат и да почнат да ги применуваат, а токсичниот воздух ни ги крати животите. Доста беше молк! Ако до овој рок не добиеме одговор, тогаш во сабота, 28 декември, излегуваме на протест“ велат еколошките организации.

Тие повикуваат сите граѓани од Скопје, но и сите кои можат од останатите градови да се приклучат на протестот за да се испрати 2024 година со чиста совест дека се направило се за здравјето и здравјето на идните генерации.

„Две опции, едноставен избор: 1. Повиканите институции да одговорат и да преземат итна и одлучна акција. 2. Или ние ќе излеземе на улиците и ќе го зголемиме притисокот на 28 декември. Колку повеќе сме, толку поголем ќе биде притисокот за вистински промени! Време е јасно и гласно да им дадеме до знаење дека воздухот што го дишеме не е за преговарање и повеќе немаме време за чекање“ велат организациите.

Зачлени се на нашиот е-билтен