Ердоган има право повторно да се кандидира и без уставни измени, тврди негов советник

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган има право повторно да се кандидира за нов мандат и според постојниот Устав, изјави неговиот советник Мехмет Учум, отфрлајќи ги шпекулациите дека предложената уставна реформа има за цел да му овозможи ново кандидирање.

Во објава на социјалната мрежа „Икс“, Учум објасни дека не е потребна нова уставна одредба за Ердоган да се кандидира, бидејќи тоа веќе е можно ако изборите бидат распишани пред редовниот рок, со одлука на Големото национално собрание на Турција.

– Доколку во последното тримесечје од 2027 година ВНСТ со најмалку 360 гласови одлучи да распише избори, тогаш претседателот Ердоган ќе има право да се кандидира за последен пат, рече Учум.

Иако самиот Ердоган вели дека нема намера повторно да се кандидира, неговиот советник додаде дека Турција сè уште има потреба од неговото искуство и лидерство.

Ердоган е претседател на Турција од 2014 година. Претходно, од маер 2003 година до август 2014 година тој беше премиер на земјата.

Партјата на правдата и развојот (ПСР) предводена од Ердоган одамна ја критикува актуелната уставна рамка, бидејќи таа потекнува од периодот по воениот пуч во 1980 година. Но, предложената нова уставна реформа ќе биде тешко остварлива без поддршка од опозицијата, бидејќи ПСР нема двотретинско мнозинство. 

Зачлени се на нашиот е-билтен