ЕУ ги поскапува повторно цигарите

Европската комисија повикува на значително зголемување на акцизите за тутун во земјите-членки, со цел намалување на бројот на заболени од рак и намалување на товарот врз здравствените системи, пишува германски Bild. Според Комисијата, зголемувањето на цените е најефективната мерка за намалување на пушењето.

Планот предвидува акцизите да се прилагодуваат според економскиот развој на секоја земја. Во Германија, ова би значело зголемување на акцизата за околу 20%, што би ја зголемило цената на едно пакување цигари за околу еден евро.

Новите мерки ќе ги опфатат и современите никотински производи – како греен тутун, е-цигари и никотински вреќички – со цел да се направи консумацијата помалку привлечна, дури и во бездимна форма. Исклучок ќе бидат никотинските замени, како што се џвакалките за одвикнување од пушење.

Тутунската индустрија остро реагира. Претставници на индустријата предупредуваат дека ваквото зголемување може да доведе до нагло ширење на црниот пазар и загуба на работни места, нарекувајќи го „економска програма за организиран криминал“.

Нацрт-директивата треба да биде финализирана до средината на јули.

Зачлени се на нашиот е-билтен